Пожар го блокираше железничкиот сообраќај меѓу Прилеп и Битола
Поради пожар во атарот на село Беранци, каде што гори нискостеблеста вегетација, пругата е оштетена на повеќе места при што во прекин е железничкиот сообраќај меѓу Прилеп-Битола, извести регионалниот Цук-Битола.
Информацијата е добиена од ТППЕ-Битола и веднаш дежурните од ЦУК ги информирале СВР-Битола и надлежните од „Железници на Република Северна Македонија транспорт АД – Скопје“.
По брзата проверка на железничката пруга, од вчера попладне од 17:42 часот железничкиот сообраќај е во прекин на делницата помеѓу Битола и Прилеп, а патничкиот воз 643 е на станицата во Прилеп и не сообраќа.
ЦУК примил известување од „ЖРС Македонија транспорт АД – Скопје“ дека другиот железнички (патнички и товарен) сообраќај се одвива нормално.