ВИДЕО: Пожар го зафати театарот Санацаро во Неапол, неколку лица се повредени
Пожар денеска изби во центарот на Неапол, кој го зафати театарот Санaцаро, при што неколку лица се полесно повредени, објави италијанската новинска агенција АНСА.

Куполата на театарот се урна, а пламените јазици зафатија и соседни згради.
Пожарникарите брзо интервенирале, а неколку лица кои вдишале чад се однесени во болница.






