Пожар избувна кај ПМФ и парк-шумата Гази Баба


Попладнево пожар избувнал во близина на парк шумата Гази Баба, во близина на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, гори сува трева, а екипите се на терен и се очекува набрзо да го изгаснат.

„Денеска во 19:15 часот, преку Единствениот број за итни случаи 112, е добиена пријава за пожар на отворен простор во близина на последната автобуска станица на линијата 16, во непосредна близина на парк-шумата Гази Баба. Гори ниска вегетација. За настанот се известени екипите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои се упатени на терен за интервенција“, велат од ЦУК.

Back to top button
Close