Пожар избувна во реонот на селото Баучиште, Пробиштипско, апел граѓаните да избегнуваат непотребно движење со возила на тој реон

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во претпладневните часови избувнал пожар кој брзо се проширил и во моментов го зафатил реонот до пробиштипското село Бучиште.

Од ДЗС информираат дека сите расположливи сили се максимално мобилизирани и се наоѓаат на критичните точки со цел да се стави огнот под контрола. Посочуваат дека на терен активно и координирано работат Територијалната противпожарна единица – Пробиштип (ТППЕ), членовите на Доброволното противпожарно друштво (ДПД) – Пробиштип, претставници на надлежните институции и локалното месно население кое помага во справувањето со огнената стихија.

Со цел заштита на личната безбедност и овозможување непречен пристап на противпожарните возила, Општина Пробиштип упати апел до сите жители: да избегнуваат непотребно движење со возила и пеш кон зафатеното подрачје и с. Бучиште, строго почитување на насоките на надлежните служби и сообраќајната сигнализација/регулација и да не шират паника и дезинформации на социјалните мрежи.
Посочуваат дека доколку граѓаните забележат ново жариште или сомнително однесување, веднаш пријавете на бројот 112 или во ТППЕ Пробиштип.

Општина Пробиштип информира дека внимателно ја следи состојбата на теренот и дека јавноста навремено, точно и континуирано ќе биде информирана за понатамошниот развој на настаните преку официјалните канали

Back to top button
Close