Видео: Пожар кај Долно Дупени – спасени куќите, огнот се шири кон непристапен терен

 

Попладнево изби пожар кај ресенското с. Д. Дупени, во близина на Преспанско езеро.

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов вели дека пожарникарите од ТППЕ Ресен успеаа да ги спасат викендиците и куќите од селото, додека пак огнот се движи кон непристапен терен.

Два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување полетаа а поради температурни ограничувања во 16.30 ќе полета и еден полициски хеликоптер.

Нема опасност по куќите од селото и околните викендици.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Back to top button
Close