Пожар кај Струмица, горат депонија и стрништа


Пожар избувна денеска на пладне кај Струмица на депонијата во близина на селото Баница, а потоа пожари избувнале на уште десетина места, каде горат стрништа во областа Софилар, во непосредна близина на градот.

Густиот чад може да се забележи оддалеку, а остатоци од изгорениот материјал силниот ветар ги носи и до централното градско подрачје.

Според командирот на ТППЕ Струмица, Алекснадар Гудев, во гаснењето на пожарите се вклучени 20 пожарникари и три против пожарни возила.

-Засега нема посериозни штети предизвикани од пожарот освен што е изгорен еден сосема мал дел од покрив на една винекдичка. Првиот повик дојде за запалена депонија во близина на селото Баница, а набргу потоа пожари избувна на уште десетина други локации каде горат стрништа, изјави Гудев.

Додава дека пожарите се под контрола и се локализирани, но силниот ветар го отежнува гаснењето.

Back to top button
Close