Пожар на армискиот полигон Криволак

Пожар од поголем обем има на армискиот полигон Криволак.

За пожарот биле известени надлежните во АРМ и било побарано интервенција со хелихоптер заради непристапниот терен, информираа попладнево од Центарот за управување со кризи.

„Стапено е во контакт со воениот полигон Криволак и не известија дека појавен е пожар на АБХ стариот полигон на непристапен терен. Точното време на појавување не е познато, се смета дека најверојато е тоа во ноќните часови. Изутрината биле известени од дежурниот во полигонот“, појаснија од ЦУК.

Back to top button
Close