Пожар на брод со мигранти во Италија, четворица загинати

 Најмалку четворица мигранти загинаа, а седум се повредени кога избувнал пожар на нивниот брод крај јужниот брег на Италија, пренесоа италијанските медиуми.

Кротонската полиција соопшти дека повредени се и двајца полицајци, кои се обиделе да им помогнат на мигрантите.

Италијанската државна телевизија РАИ Њуз 24 објави дека е потврдено дека четворица мигранти загинале, но дека засега не е јасно дали настрадале во пожарот или се удавиле во морето.

По пожарот предизвикан од експлозија, се кренал црн чад, што можеле да го видат и туристите на плажата во близина на Кротоне, пристанишен град во регионот Калабрија, јужна Италија.

Новинската агенција Прес наведува дека на бродот имало околу 20 мигранти.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close