Пожар на депонијата „Буково“ во Охрид

Како што информираат од ЈП „Охридски Комуналец“, екипи на претпријатието заедно со припадници на Територијалната противпожарна единица од Охрид се на терен и работат на локализирање на пожарот. Се врши пресек и создавање заштитна линија со цел да се спречи неговото понатамошно ширење.
Од ЈП „Охридски Комуналец“ велат дека состојбата континуирано се следи, а екипите ќе останат на терен додека е потребно за пожарот целосно да се стави под контрола.
Во однос на причините за избувнувањето, засега не се исклучува можноста пожарот да е намерно подметнат. Причината ќе биде утврдена од надлежните институции по спроведување на соодветна постапка.
Од претпријатието информираат дека оваа година на депонијата „Буково“ се однесени и депонирани над осум илјади метри кубни земја за прекривање и стабилизирање на делови од депонијата, како и за намалување на можноста за појава и ширење пожари.






