Пожар над Катланово, се гасне од земја и од воздух
Попладнево, околу 15:30 часот, избувнал пожар над населбата Катланово, во Општина Петровец, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„Во пожарот горат нискостеблести растенија, но и дрвја. За гаснење на пожарот на терен се пожарникарите од скопската противпожарна бригада. Поддршка за пожарникарите има и од два ‘ертрактори’ на Дирекцијата за заштита и спасување“,
додаваат од ЦУК.