Пожар над селото Војница во општина Чашка


Пожарот, кој попладнево избувна над селото Војница во месноста викана „Говедарица”, се уште е активен. Зафатен е шумски предел од смрека, даб и чалија.

Пожарот бил пријавен во 13:46 часот, а во гаснењето учествувале четворица вработени од шумското стопанство „Бабуна” и четворица граѓани од Чашка.

Од шумското стопанство „Бабуна” информираа дека е интервенирано до 18:30 часот и дека ќе се продолжи рано наутро.

– Од местото „Говердарица” над селото Војница, пожарот се шири кон шумата во реонот на селото Ораовец, но засега нема опасност по куќите, информираа од ШС „Бабуна

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close