Пожар пред Собранието на Србија во Белград
Пожар избувна претпладнево пред српскиот Парламент во Белград каде се поставени шатори. Пожарникарите го гаснат со три возила. Засега не се знае причината за пожарот во шаторите кои ги поставија студенти кои се спротиставуваат на блокадите.
Едно лице е приведено откако избувна претпладнево пожар во шатори пред Собранието на Србија во Белград.
На видео инсерти се гледа како реагира полицијата откако биле регистрирани истрели во шаторите, по што избувна пожар. Шаторите се поставени пред Собранието на Србија од лица кои се спротиставуваат на блокадите од студентите.
Тој простор српски медиуми го нарекуваат колоквијално „Ќациленд“. Пожарот го гаснат три пожарникарски возила.