Пожар пред зграда на „Кочо Рацин“ – изгоре „опел“, оштетен и џип
Две возила беа зафатени од пожар што ноќеска околу 2:40 часот избувна на паркинг пред зграда на булевар „Кочо Рацин“ во Скопје. Повредени лица нема, а огнот бил изгаснат од екипите на Бригадата за противпожарна заштита.
Денеска (21.08.2025) во 02:42 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг пред зграда на бул.„Кочо Рацин“ во Скопје било опожарено патничко возило „опел инсигниа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Л.(32) од Скопје.
Од пожарот било зафатено и патничко моторно возило „тојота лендкрузер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.А. (68) од Скопје. Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид на местото бил извршен од увидна екипа од СВР Скопје, информира МВР.