Пожар предизвика вонредна состојба во бугарската нуклеарна централа Козлодуј во Бугарија
Во машинската просторија на петтата единица на бугарската нуклеарна централа Козлодуј избувна пожар, што предизвика итна реакција кај работниците во централата.
Поради густиот чад во просторијата, повикана е противпожарната служба, а се преземаат мерки за замена на оштетената опрема.

Официјално беше објавено дека ситуацијата е под контрола и дека нема опасност за луѓето. Работниците во централата остануваат во готовност додека инцидентот не се санира целосно.
Централата се наоѓа околу 120 километри северно од Софија, во близина на границата со Романија.
Козлодуј, единствената нуклеарна централа во Бугарија, има два реактори од 1.000 мегавати кои произведуваат околу 30 проценти од електричната енергија на Бугарија.
Четири постари реактори од 440 мегавати беа исклучени во 2002 и 2006 година, што беше услов за влез на Бугарија во Европската Унија






