Пожар предизвикан од плински уред во скопски Карпош

Пожар предизвикан од плински уред попладнево избувнал во стан на улицата „Разловечко востание“ во Карпош 4. Повредени лица нема, причинета е материјална штета.

Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески за МИА информира дека пожарот е изгаснат и дека на терен биле испратени три возила и осум пожарникари

Back to top button
Close