Пожар во авто механичарска работилница кај Тутунскиот комбинат во Скопје

Избувна пожар попладнево во авто механичарска работилница која се наоѓа во близина на Тутунскиот комбинат во Скопје.
Информациите се дека на местото на настанот интервенираат екипи на противпожарната служба, кои во моментот работат на локализирање и гасење на огнот.
Според првичните информации нема повредени, а причините за настанување на пожарот дополнително ќе се утврдуваат.






