Пожар во автокамп во Охрид, нема повредени

Вчера, на 6 април, околу 18 часот во охридската полиција било пријавено дека на плажа на брегот на Охридското езеро, во близина на автокамп, настанал пожар. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

„По неколкуте пожари, случени деновиве на отворен простор на подрачјето што го покрива, СВР Охрид отпочна со поинтензивни активности и контроли со цел поголема заштита на регионот од појава на пожари“, велат од СВР Охрид.

Оттаму апелираат граѓаните да избегнуваат палење оган во шумските предели, на стрништа, на плевел, отпадоци и на секој друг отворен простор.

„Потсетуваме дека предизвикувањето шумски пожар намерно или од невнимание претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни кривични пријави и за кое е предвидена и затворска казна до 8 години (член 227 од Кривичниот законик), зависно од видот на пожарот и другите околности и последици“, се вели во соопштението на полицијата

Back to top button
Close