Пожар во куќа зад Универзална сала

Пожар избувна предмалку во куќа на улицата „Костурски херои“, зад Универзалната сала.

На терен се две противпожарни возила и две цистерни на противпожарната бригада и едно возило на Итната помош.

Командантот на противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски за МИА информира дека при гаснењето на пожарот интервенирале 12 пожарни со пет противпожарни возила.

Тој нагласи дека во пожарот што веќе е згаснат нема повредени.

Фото: Курир

Back to top button
Close