Пожар во магацин со муниција во Неа Агилаос, експлозиите се слушале до Волос
Голем пожар попладнево избувна во магацин за муниција во Неа Агилаос, јавија грчките власти. Експлозиите што притоа одекнаа, според очевидци, се слушнале до Волос. Според првичните информации, станува збор за складиште со муниција на воздухопловните силии во тек се обиди за гаснење на пожарот.

Вонредна состојба е прогласена на целиот остров Родос, каде шумските пожари беснеат веќе деветти ден и направија голема штета. Огнот и натаму гори, а гаснењето го отежнува ветрот чии удари и натаму се силни. Грчкото министерство за цивилна заштита предупреди на „екстремна опасност“ од пожари во 6 од 13 региони. Нарушен е сообраќајот на автопатиштата и во железницата.
Последните денови се евакуирани над 20.000 луѓе од Родос. Распламтување на пожарите е забележано и на островот Крф. Моментно се активни два фронта кои не се достапни на пожарникарите, пренесува агенцијата АНА. Локалните власти тврдат дека пожарот на Крф е подметнат. Огнената стихија, пак, на Евија е делумно ставена под контрола додека шумските пожари зафатија и предградие на Атина.
Според нивните информации денеска гори и во Ситонија. Изминатото деноноќие во Грција беа регистрирани уште две жртви со што вкупниот број на загинати се искачи на седум. Меѓу нив се и двајцата пилоти на Канадерот кој се урна вчера попладне на островот Евија.
Пожарот на Халкидики зафати површини под сува трева во близина на Агиос Николаос. На терен интервенираат 12 возила со 37 пожарникари, а им помагаат и две противпожарни возила од Бугарија со 10-член тим. Во гаснењето на огнот учествува и еден авион. Пожарот кој во моментов се шири во областа се приближува до едно од населените места






