Пожар во Маврово, за гаснење активиран и хеликоптерот на МВР
Според информациијата објавена од страна на Центарот за управување со кризи ЦУК на територијата на Националниот парк Маврово од вчера е активен пожар на поголема површина во кој се зафатени пасишта, смрека и папрат. Како што информираат во своја објава на социјалните мрежи од ЦУК во текот на денот во гаснењето на огнот интервенирале пет лица вработени во Националниот парк, а ангажиран бил и хеликопкер на МВР.
-РЦУК Гостивар известува дека направени се 3 налети со 1 хеликоптер на МВР во гаснење на пожарот во атар на с.Жировница, Општина Маврово-Ростуше. Поради непристапноста на теренот и лицата кои интервенираат во гаснењето на пожарот не можат да се справат со истиот, па поради тоа од негова страна беше побарано до директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, ангажирање воздухоплови за гаснење на пожарот -, извести ЦУК.
Според информациите РЦУК Тетово, освен во мавровско, посериозен пожар на отворен простор има и во тетовско, над Ѓермо на Шар Планина, каде што двата крака се изгасени и се дејствува да се изгаси и третиот крак во координација со ренџерите од Националниот парк Шар Планина и други сили според потребите и условите.