Пожар во отпад за пластика и гуми, црн облак од дим го покри Куманово

Гори отпад за стари автомобили, гуми и пластика, кој се наоѓа на ул. „Индустриска“ во Куманово, јавува Kumanovonews.

Од Противпожарната единица Куманово, за Кумановоњуз кажаа дека отпадот се запалил околу 18 часот, и нивни екипи од цела смена, со три противпожарни возила и десетина пожарникари се на терен.

Местото го обезбедуваат и полициски службеници од СВР Куманово.

Црн густ дим се издига над градот и ги вознемири граѓаните.

Сличен голем пожар во Куманово имаше пред повеќе години кога се запалија старите прагови од железничката пруга на Железничката станица.

Back to top button
Close