Пожар во стан во Штип, сопственикот со тешки изгореници ќе биде префрлен на Клиниките во Скопје

Штипјанец со висок степен изгореници на градите и стомакот е хоспитализиран во штипската Клиничка болница, по пожарот во неговиот стан во центарот на Штип што се случил вечерва, јави дописничката на МИА.


Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев, вели дека лекарите му ја пружиле медицинската помош, а поради високиот степен на изгореници ќе биде испратен на Клиниките во Скопје.

Командирот на ТППЕ-Штип, Тони Атанасов, вели дека во гаснењето на пожарот се вклучиле шестмина пожарникари со две возила. Успеале да го извлечат од неговиот стан, а не дозволиле огнените јазици да се прошират на останатите станови во станбената зграда.

Причините за пожарот сè уште не се познати, се очекува од страна на полицијата да биде извршен увид.

Back to top button
Close