Пожар во викендичка во месноста Моклиште кај Кавадарци

– Пожар избувнал ноќеска по полноќ во викендичка во месноста Моклиште кај Кавадарци.

Од кавадаречката Територијална противпожарна единица за МИА изјавија дека веднаш по дојавата, интервенирале на лице место со две противпожарни возила и четворица пожарникари. Го локализирале пожарот, не дозволувајќи тој да се прошири наоколу.

Оттаму додадоа дека засега не се знаат причините за пожарот.

Back to top button
Close