Пожарите во Аргентина сè уште беснеат, за сега нема повредени

– Во аргентинската провинција Кордоба беснеат пожари засилени од силен ветер и отсуството на врнежи, поради што надлежните издадоа наредба за евакуација на населението.

Во пожарите досега никој не е повреден, потврдија надлежните.

Пожарите досега изгореле најмалку 14.321 хектари земја, претежно на северот на покраината, јавуваат локалните медиуми. Регионалните и федералните власти испраќаат противпожарни хеликоптери за да помогнат во гаснењето на огнената стихија.

Властите во Кордоба предупредија за „екстремен“ ризик од пожари низ покраината, поради суво и ветровито време и ги повикаа граѓаните да пријават нови пожари доколку се појават.

Во тек е истрага за причините за пожарите, а се сомнева дека тие биле подметнати од ранчери кои сакаат на тој начин да ги обноват пасиштата, што е вообичаена практика во Аргентина.

Пожарите веќе уништија далноводи во некои делови на Кордоба и се закануваат да го блокираат сообраќајот на поголемите автопатишта, изјавија официјалните лица, потврдувајќи дека населението во погодените области е евакуирано.

Back to top button
Close