Пожарникари го сечеле автомобилот за да го извадат загинатиот возач, кој удри во кумановската патарина

Кумановската полиција  утрово извести за трагична сообраќајна незгода, која се случила кај наплатната рампа Романовце.

Според Регионалниот ЦУК Куманово пожарникарите од ТППЕ Куманово интервенирале во извлекување на возачот од автомобилот.

-Пожарникарите интервенирале во вадење лицето од автомобилот после тешка сообраќајна несреќа, која се случи во период од 03,35 до 04,15 часот. Несреќата се случила кога патнички автомобил марка ,,голф” со голема брзина удрил во бетонска ограда на патарина – Романовце на Магистралниот патен правец Куманово – Скопје . Возачот на автомобилот се здобил со тешки телесни повреди и починал на лице место. ППЕ интервенирале со 1 ПП возило и 4 пожарникари, информираат од ЦУК.

Back to top button
Close