Пожарникарите на ДПД Кочани спасија повреден и дезиорентиран редок вид на царски орел
Вчера пожарникарите на ДПД Кочани имале необична интервенција. Имено тие добиле пријава од граѓани за повредена и дезиорентирана птица на кров од викендица на Пониква, како резултат на пожарите на Осоговските планини во близина на Пониква.
„На лице место веднаш се упатија 4 доброволци со едно возило и за брзо и безбедно птицата бешe транспортирана во ветеринарна амбуланта каде беше установено дека станува збор за Источноевропски царски орел кој се наоѓа на листата на загрозени птици во цела Европа. ДПД Кочани упатува апел да не се пали оган на отворено бидејќи покрај штетата која се нанесува на шумите,се уништува целиот биодеверзитет на природата“ напишаа на нивниот Фејсбук профил