Пожарот ја прекина нивната мисија! Стефи, Цеце, Даце и Маре – беа волонтерки во кочанскиот Црвен крст
Стефи, Цеце, Даце и Маре – беа волонтерки во кочанскиот Црвен крст… Настрадаа во кобниот пожар во дискотеката Пулс.

– Со длабока почит и неизмерна благодарност се сеќаваме на нашите Волонтери од Црвен крст Кочани – Стефанија Соколова, Стефанија Алексова, Драгана Минова и Марија Шопова. Нивната хуманост, пожртвуваност и желба да им помогнат на другите остануваат траен пример за вистинска солидарност и човечност, порачаа денеска на годишнината од пожарот од Црвениот крст на Македонија.
Тие беа симбол на добрина и надеж, секогаш подготвени да подадат рака таму каде што е најпотребно.
– Нивниот лик и дело ќе продолжат да живеат во спомените на сите што ги познаваа и во вредностите што ги носи волонтерството – хуманост, несебичност и грижа за заедницата. Нека нивната посветеност биде вечна инспирација за сите нас да продолжиме да помагаме, да се грижиме и да градиме похумано општество. Вечно ќе го чуваме Вашиот спомен, Стефи, Цеце, Даце и Маре… Ви благодариме, се наведува во објавата од Црвениот крст






