Пожарот кај Дојран се прошири и на грчка територија

Пожарот кај селото Николиќ во општина Дојран, активен веќе трет ден, ја помина границата и за прошири и на грчка страна, а интервенираат копнени и воздушни противпожарни сили на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што информираат од противпожарната служба на Грција, пожарот е во регионот на Дојранското езеро кај Килкис (Кукуш), а се гасне со 60 пожарникари со три пешадиски тима, 17 возила, два авиони и еден хеликоптер, а помагаат и цистерни и возила од општината.

За конкретниот пожар кај Дојран, како што претходно објави МИА, Грција испрати два противпожарни авиони од типот канадер CL-415 и две противпожарни возила со осум пожарникари, по билатералното барање за помош упатено од ЦУК до Единствениот координативен центар за операции и управување со кризи на Грција.

Попладнево во 18:00 часот по локално време двата канадери полетаа од Солун, а копнените сили што беа испратени веќе интервенираат.

Back to top button
Close