Пожарот кај Катланово се симнува кон автопатот, ЦУК информира дека викендичките се безбедни

Се разгорува пожарот кај селото Катланово. Огромни пламени јазици може да се забележат од автопатот „Пријателство“ во правец кон Скопје.

Сведоци за Плусинфо говорат дека глетката е навистина страшна, а густиот чад е спуштен на автопатот и предупредуваат повнимателно да се вози на оваа делница.

Попладнево избувна пожар, а според очевидците густ чад се издигнува кон небото и е видлив од сите страни на патот.

Од ЦУК информираа дека во општина Петровец кај с. Градмаци, с. Брезница и с. Катланово гори нискостеблеста шума.

Директорот Стојанче Ангелов сподели дека викендичките ќе бидат одбранети бидејќи на терен се екипи на скопската противпожарна.

 

Back to top button
Close