Пожарот во катедралата во Нант го гаснат 70 пожарникари (видео)

шПожарот што избувна утрово во катедралата во Нант во западниот дел на Франција, го гаснат 70 пожарникари, соопшти локалната противпожарна служба, јави допписникот на МИА.

Катедралата Свети Петар и Павле во Нант е една од најголемите готски катедрали во Франција. Нејзината изградба започнала во 1434 година и траела 457 години – до 1891 година.

Пожарот избувнал во внатрешноста на готскиот објект и пожарникарите биле повикани набргу по 7.30 часот. Екипа од 70 пожарникари е испратена на местото на пожарот.

„Пожарот се уште не е под контрола“, соопшти пожарникарската служба.

Катедралата Свети Петар и Свети Павле во Нант беше зафатена со оган во 1972 година. Тогаш беше оштетен дел од покривот, а пожарникарите го локализираа пожарот по пет часа.

Таа катедрала е исто така и седиште на епархијата во Нант. Прогласена е за историски споменик во 1862 година.

Back to top button
Close