Пожарот во Пинтија бил изгаснат со осум противпожарни возила

Пожарот што пред 4 часот утрово избувнал во сервис за возила пред Пинтија, во општина Кисела Вода, е изгаснат пред 6 часот, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

-Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје веднаш излезе на лице место и со  осум возила после тешка борба со огнот, пожарот беше изгаснат пред 6 часот, наведува ДЗС за пожарот кој избувнал над Стаклара во местото наречено Каменик – информираа од ДЗС.

Оттаму посочија дека се работи за „тежок пожар“ затоа што во сервисот за возила имало повеќе автомобили, масло и други запалливи предмети. Како што наведе,  благодарение на присебната реакција на новинарката на ТВ 24 Енџи Николоска, која живее во близина и го пријавила пожарот, била спречена поголема катастрофа.

Николоска за МИА изјави дека се слушнал звук како пукање и кога видела дека се работи за пожар и од каде пламнал веднаш пријавила.

-Откако пријавив, имаше брза реакција и од пожарникарите, кои дојдоа со возилата, имаше и полиција, беше и градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Дојде и Брза помош, но за среќа нема повредени, има само материјална штета. Пожарот сега е изгаснат – рече Николоска. 

Back to top button
Close