Пожарот во Тетово се гасне и со хеликоптер, пожарникарите го локализираат огнот само во еден објект

Пожарникарот Авни Амети од тетовската противпожарна единица за МИА информираше дека заедно со колегите од повеќе градови интервенираат да се изгаси огнот што гори во управната зграда на „Македонија Табак“, додека се спречува да се прошири огнот на двата соседни објекти

Хеликоптер на Одделот за воздухопловни единици во МВР е активиран за да се помогне во гаснењето на пожарот кој утрово избувна во управната зграда на „Македонија Табак“ во Тетово.

„На самото место од моментот на пријавување на пожарот, покрај надлежните полициски екипи, се и полициски службеници од сите полициски одделенија на подрачјето на СВР Тетово, со цел обезбедување на поширокиот простор, како и припадниците на сообраќајната полиција кои го регулираат сообраќајот околу фабриката“,

информираа претходно од МВР.

Како што јави дописникот на МИА од Тетово, пак, пожарникарите го локализираат огнот само во еден објект. Пожарникарот Авни Амети од тетовската противпожарна единица информираше дека заедно со колегите од повеќе градови интервенираат да се изгаси огнот што гори во управната зграда на „Македонија Табак“, додека се спречува да се прошири огнот на двата соседни објекти. Тие два објекти ги користи приватна компанија која произведува градежни материјали.

„Внатре има материјали кои лесно горат и тешко се гасат. Затоа има многу чад. Има два објекти и една голема хала која гори, и да не се рашири се бориме со огнот“изјави Амети за МИА.

Back to top button
Close