Пожарот во турскиот хотел се распалил по грешка на кујнскиот персонал – во паника гаснеле со вода наместо со противпожарен апарат

Според наодите од истрагата, пожарот настанал со прскање на врелото масло на скарата при приготвувањето на оброкот, а пожарот се проширил поради погрешна интервенција на персоналот во кујната кој не користел противпожарен апарат, туку вода, јавува турскиот портал Тренд
Можеби ќе ве интересира

Откако врелото масло дошло во контакт со водата, пламенот се проширил на таванот во кујната, а потоа и на горните катови на хотелот.

Утврдено е дека вработените во кујната реагирале панично и исплашено ја напуштиле кујната, а гостите на хотелот не можеле да бидат информирани за пожарот бидејќи не работел протипожарниот аларм

Back to top button
Close