Познат е идентитетот на уапсените вработени во УЈП

Познат е идентитетот на лицата коишто се лишени од слобода, кај кои што се вршени и се вршат претреси.

Според извори од истрагата, за овие лица може да биде одредена и мерка притвор:

Александар Шутов
Александар Марков
Елисавета Маркова
Адриано Дебников
Џелал Мустафа
Кадифе Исмаили
Раиф Елези
Марјан Марковиќ од Србија

Лица лишени од слобода и изнесени пред судија на претходна постапка, на кои им се изречени мерки на претпазливост се:

Елена Тафчиевска
Кристијан Јовановски
Александар Пехчевски
Гоце Веселиноски
Кети Камилоски
Ваљбона Азири Исмаили
Зухрије Реџепи
Сања Гиевска
Тања Настеска

Сите горенаведени се вработени во УЈП Скопје, спoред информациите на „Нетпрес“.

„Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражители со асистенција на полициски службеници од МВР вршат претреси на повеќе локации во државава и се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери“, потврдија вчера од Обвинителството.

Повеќе информации најавија за во текот на денешниот ден.

Back to top button
Close