Познат распоред за натпреварите од Куп завршницата во кошарака

Завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ од 13. до 15. февруари ќе игра во спортската сала во Куманово, а Македонската кошаркарска федерација во договор со Македонската радио телевизија, која ќе врши директни преноси од натпреварите. Тоа значи дека одредени се и сатниците за одигрување на натпреварите од „Фајнл-ејт“ турнирот во Куманово.
Првиот ден (петок – 13.февруари) се играат четвртфиналните дуели, кои стартуваат во 12 часот, а „вечното дерби“ меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички ќе играат од 14:30 часот. Во сабота ќе се играат двата полуфинални дуела, а финалето е закажано за недела (15.февруари) со почеток во 19 часот.
КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ – БУШТУР“ 2026 – КУМАНОВО
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ЧЕТВРТФИНАЛЕ – 13. ФЕВРУАРИ (ПЕТОК)
12.00: ТФТ – Феникс 2010 (1)
14.30: МЗТ Скопје Аеродром – Работнички (2)
17.00: Кожув – Маџари (3)
19.30: Пелистер – МКК Куманово (4)
ПОЛУФИНАЛЕ – 14. ФЕВРУАРИ (САБОТА)
17.00: Победник 1 – Победник 4
19.30: Победник 2 – Победник 3
ФИНАЛЕ – 15. ФЕВРУАРИ (НЕДЕЛА)
19.00: Финале
Натпреварите од Куп завршницата ќе се играат во спортската слава во Куманово.






