Познат скијачки пар загинаа гушнати

Италијанскиот скијач Жан Даниел Песион и неговата девојка го загубија животот во несреќа на планината Зербон во Италија.

Откако не се вратиле од планинарењето, загрижените членови на семејството контактирале спасувачката служба, која испратила дури три хеликоптери во потрага.

Тие успеале да го лоцираат сигналот на мобилниот телефон и на тој начин да го пронајдат младиот пар, но за жал со трагичен исход.

Песион и неговата девојка наводно паднале од височина од 700 метри, а не е познато што го предизвикало падот.

Кога ги најшле, сè уште беа гушнати, како последна прегратка, откри италијански „РаиНуз“.

Пред три години, Песион заврши на 15-то место во Светскиот куп и на 22-то место на Светското првенство во 2022 година, додека неговата девојка беше инструкторка за скијање и наставничка во основно училиште

Back to top button
Close