Позната италијанска музичарка пронајдена мртва, по 16 дена пронајдено распарчено телото на нејзиниот син

Италијанската јавност е во шок откако позната музичарка е пронајдена мртва, а по 16 дена потрага е откриено и распарченото тело на нејзиниот четиригодишен син.

Телото на диџејот Вивијана Париси е пронајдено во близина на електричен столб, откако имала мала сообраќајна несреќа на пат во Сицилија. Но, нејзиниот син не бил до неа, па полицијата ја продолжила потрагата, пишува Би-би-си.

Eccoci… Daniele e Viviana in auto vestiti eleganti, da cerimonia per festeggiare il diciottesimo del tanto amato…

DANIELE MONDELLO 发布于 2020年7月7日周二

Распарченото тело на детето ги пронашол полицаец доброволец кој се вклучил во потрагата, на околу 200 метри од магистралниот пат до Палермо и 400 метри од местото каде што е пронајдено телото на мајката.

Обвинителот Анџело Кавало изјави дека истражителите работат на три хипотези што може да објаснат што се случило: убиство-самоубиство, напад на диви животни или сексуален напад.

Според информациите на полицијата, Вивијана Париси го однела нејзиниот син на шопинг, при што доживеале мала сообраќајна незгода во тунелот. Поради дупната гума на автомобилот, Париси го запрела возилото откако го напуштила тунелот.

Image

Видео од приватна надзорна камера снимило возило кое застанало да ѝ помогне на Париси, па властите апелираат тие да се јават и да помогнат во истрагата.

Сведоците опишале дека Париси се прекачила преку заштитната ограда „крајно вознемирена“ и дека носела неповредено дете во рацете.

Музичарката Вивијана Париси неодамна доживеала нервен слом, а нејзината состојба наводно се влошила како резултат на карантинот и пандемија на коронавирус.

Сепак, нејзиниот сопруг, диџејот Даниеле Мондело, инсистира на тоа дека била смирена и немала проблеми дента кога исчезнала.

„Вивијана не го уби, таа премногу го сакаше“, рече тој, побивајќи ја и теоријата дека била нападната од диви животни.

Пред шест дена, полицијата го пронајде распаднатото тело на Париси под високонапонски столб во грмушките во близина на градот Каронија. Имала скршена рака и траги од каснувања од животни.

Остатоците од детето се пронајдени по 16 дена од исчезнувањето. Во извештајот се наведува дека неговото тело е распарчено од диви животни. Во моментов се спроведува ДНК-тест за да се потврди неговиот идентитет.

Макфакс

Back to top button
Close