Позната состојбата на детето кое падна од балкон во Кисела Вода
Детето е во стабилна состојба, но има повреди на повеќе системи, почнувајќи од главата, има повреди на ребрата и на внатрешните органи. Направени се дополнителни иследувања. Детето дише самостојно, со кислородна поддршка и без механичка вентилација. Не е потребен оперативен зафат засега, изјави за Телма во телефонски разговор, д-р Лазо Јавчески, в.д. директор на Клиниката за Детска хирургија.
Младиот пациент, кој вчера попладне падна од зграда во Кисела Вода, е во одделот за интензивно негување.
„Не може да кажеме во моментот дали е надвор од животна опасност, но пациентот е во стабилна состојба, под постојана опсервација и извршени се дополнителни испитувања“, ни рече Јовчески