Познати сите учесници на машкото одбојкарско Европско првенство 2026
Со одигрувањето на завршните квалификациски пресметки, познати њњсе сите учесници на Европското првенство во одбојка во машка конкуренција, кое следната година ќе се одржи во Италија, Бугарија, Романија и Финска.
Вкупно 24 репрезентации, меѓу кои и македонската, ќе се натпреваруваат на Европското првенство 2026.
Домаќините Италија, Бугарија, Романија и Финска директно се квалификуваа за Европското првенство, а своето учество на претходниот континентален турнир го обезбедија Полска, Словенија, Франција, Србија, Холандија, Украина, Германија и Португалија.
Преку седумте квалификациски групи, место на ЕП 2026, заедно со македонската одбојкарска репрезентација, обезбедија и Данска, Белгија, Чешка, Естонија, Швајцарија, Грција, Латвија, Турција, Израел и Шведска.
Европското првенство ќе се одржи од 9 до 27 септември, а бранител на титулата е Полска.
Натпреварите ќе се играат во Неапол, Модена, Торино, Милано, Варна, Клуж и Тампере.
Жрепката на групите за Европското првенство ќе се одржи на 4 октомври оваа година во Бари.