Прандели позитивен на коронавирус, Фиорентина во изолација
Тренерот на италијанскиот прволигаш Фиорентина, Чезаре Прандели, е позитивен на коронавирус, соопшти вечерва клубот од Фиренца.
Играчите и стручниот штаб ќе бидат изолирани пред мечот, кој „виолетовите“ треба да го одиграат против Џенова в понеделник, на рамки на 10. коло во Серија А.
Прандели се врати на клупата на Фиорентина пред три недели.
Под негово водство, Фиорентина има два порази во „калчото“ и победа против Удинезе во италијанскиот Куп.