Прашањата за екстерното ќе бидат само од материјалот до март поради штрајкот

Премиерот Димитар Ковачевски и средношколците се договорија прашањата за екстерните испити годинава да го опфаќаат материјалот заклучно со март со што не е опфатен периодот кога беше штрајкот на образовниот кадар,  соопштија од Сојузот на средношколци.

„Прашањата за овогодишните екстерни испити се соодветни на испитите од минатите години, кои се објавени на веб страницата на Државниот испитен центар. ДИЦ во најбрз можен рок ќе изготви Каталог на прашања за екстерните испити, односно истите на матурантите ќе бидат достапни во еден ПДФ документ.

Со Претседателот на Владата се согласивме дека прашањата за екстерните испити ќе го опфаќаат материјалот заклучно со март со што не е опфатен периодот кога беше штрајкот на образовниот кадар. Сојузот презема одговорност да се обрати до оценувачките комисии доколку на испитите се јават прашања од наставниот материјал после март“, се вели во соопштението по средбата во Владата.

Што се однесува на проектната задача, рокот за изработка на проектната задача е веќе продолжен и 1.598 ученици кои сѐ уште немаат завршено со овој, клучен дел од матурскиот испит ќе имаат можност тоа да го сторат до понеделник, 16 мај.

Back to top button
Close