Пратеничка на Алијанса била скриена поддршка на власта?

Пратеничка од Алијанса за Албанците од Западна Македонија треба да биде 61-от пратеник во парламентарното мнозинство, брифираат високи извори владејачките СДСМ и ДУИ.

Како што велат тие, комуникацијата со пратеничката од партијата предводена од Зијадин Села е отпочната по обелоденувањето на иницијативата за ново парламентарно мнозинство.

-Добивме уверување дека оваа пратеничка нема да поддржи недоверба на владата во интерес на евроинтеграцискиот процес – изјави за Фокус висок владин функционер.

Арно ама, до гласање воопшто не дојде, бидејќи пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи, не се појави во парламентот, поради што седницата воопшто не започна, бидејќи немаше кворум за усвојување на дневниот ред.

Back to top button
Close