Пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше 10 часа

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска продолжија со долги говори на седницата на Комисијата за прашања на избори и именувања на која се расправа за изборот на јавниот обвинител Љубомир Јовески за уставен судија.

Претходното продолжение на седницата завршило во еден часот по полноќ по десетчасовен говор на пратеничката од опозициската партија Бети Стаменковска Трајковска, а денеска продолжи со долга процедурална забелешка на заменик координаторката Ели Панова, која побара стенограми од седницата, но исто така прочита и деловник за работа на Комисијата. Седницата на Комисијата беше прекината и ќе биде дополнително закажана.

Панова побара од претседателката на Комисијата Марија Георгиевска да бидат обезбедени стенограми од претходното прдолжение на седницата кое завршило во 1 часот по полноќ, и на кое десет часа зборувала пратеничката Стаменковска Трајковска. Панова ја обвини претседателката на Комисијата дека не дала никаква пауза и дека ја прекинала седницата откако пратеничката Стаменковска-Трајковска за кратко ја напуштила седницата. Според Панова, претседателката на Комисијата требала да обезбеди и вода за пратениците, но и доктор и вработени во службите. Панова побара и стенограми од говорот на претседателот на Собранието Талат Џафери од пред повеќе години кога како пратеник долго читаше поезија и молчеше на седница на собраниска Комисија за да се види, како што рече, дали нему му било дозволена пауза.

– Таа рече дека мора да излезе на две минути од салата и го остави вклучен микрофонот и вие ја завршивте седницата, рече Панова, обвинувајќи дека Георгиевска и го одзела правото на говор на Бети Стаменсковска Трајковска и побара таа да продолжи да зборува.

Повеќе

Back to top button
Close