Пратеници од грчка Нова Левица ја прашаа владата: До каде е пругата Лерин – Битола?

Пратеничката на Новата левица – Лерин, Пети Перка поднесе пратеничко прашање на тема „Политичката идеологија на власта ја остава Грција без железничка врска со Северна Македонија“.

 

Отворањето на ова прашање го поддржаа со свој потпис и пратениците Анагностопулос Атанасија, Цуфи Меропи и Фотиу Теано.

 

 

Како што информираат, „додека работите за повторното отворање на линијата Лерин – Битола се речиси завршени од периодот 2015-2019 година, кога билатералните контакти меѓу двете земји беа на напредно ниво, откако владата го презеде од Нова Демократија во 2019 година, апсолутно ништо не напредува“.

Тие го прашуваат министерот за инфраструктура и транспорт за причините што Грција и Северна Македонија се лишени од ваквата поволна железничка врска и за кога се планира потпишување на меѓудржавниот договор и следствено повторно отворање на пругата. Тие прашуваат и за активностите на Министерството за рестартирање на железничките линии во Лерин

Back to top button
Close