Пратениците го изгласаа Дополнетиот предлог на закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета

Пратениците во рамки на денешното продолжение на 79. седница го изгласаа Дополнетиот предлог на закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета. Законот предвидува пред поднесување на тужба за надоместување на штетата да се бара извинување и јавно повлекување на изјавата или содржината за физичкото или правното лице на кое му е причинета штета со навреда или клевета и да презема мерки за ублажување на штетните последици, како и право на реагирање демант, одговор и исправка.

Клучен аспект на законот е драстичното намалување на висината на казните на медимските работници за штетата предизвикана со навреда или клевета. Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, овој предлог-закон е катастрофално напишан и било потребно техничко уредување и посочи дека стручната дебата требало да се одвива во собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, но како што рече, како и за многу други закони Комисијата за европски прашања е комисија за се и од тие причини донесуваме неквалитетни закони. Посочи дека прифатени се амандмани поднесени од пратениците Миле Лефков и Рашела Мизрахи кои, како што рече, го подобриле текстот на законот и спречија злоупотреби, но истиот е далеку од добар закон. Снежана Калевска Ванчева, пратеничка на СДСМ истакна дека сега имаме ново законско решение од причина што се интервенираше во повеќе од третината на одредбите и целисходно беше носење на нов закон кој што всушност почива на оценски мисии, експертски мислења, анализи, пресудите на Европскиот суд за човекови права. Посочи дека анализирани се 30 пресуди на Основниот граѓански суд Скопје и Граѓански суд Велес. Пратениците, во рамки на 79-тата седница ја почнаа расправата по Предлог – завршна сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година. На дневен ред се и Предлог законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ–Скопје во услови на енергетска криза, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, по скратена постапка. Неразгледани точки на оваа седница се и Предлог Кодекс за престанување на важење на Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието и предлог законите за финансиската инспекција во јавниот сектор, за изменување и дополнување на Законот за гранична контрола и за изменување и дополнување на Законот за семејство. Собранието ќе почне со работа во 15:30 часот

Back to top button
Close