Пратениците од власта го одбија предлогот за 600 евра минимална плата

На денешната седница во Собранието беше одбиен предлог-законот предложен од пратениците на СДСМ за зголемување на минималната плата. Од 95 присутни пратеници, 63 гласаа „За“ да се усвои заклучокот според кој предлог-законот не е прифатлив. 19 пратеници беа „против“ ваквата одлука, а немаше „воздржани“. Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март 2026 до март 2027 вчера се најде на дневен ред на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика.
Дел од пратениците рекоа дека растот на трошоците на живот директно ја нагризува куповната моќ на граѓаните.
Од ВМРО-ДПМНЕ предложија законски измени за намалување на функционерските плати. Заштедените средства, велат, ќе бидат пренаменети за здравство, образование и социјална заштита.
Со измените се опфаќаат платите на пратениците, министрите и другите функционери во извршната власт, судиите и обвинителите, градоначалниците. Предложените мерки предвидуваат намалување на коефициентите за државните функционери, но и нова скала на плати за градоначалниците според број на жители.
Во моментов минималната плата изнесува 24.400 денари. За овој износ работат околу 35 илјади работници.






