Пратеник од ВЛЕН откри оти Владата го крши Законот за јазиците, велат од ДУИ

„Службен весник“ не функционира по политичка желба ниту по моментен каприц, туку има законска обврска да ги публикува објавите на два јазика согласно Законот за употреба на јазиците, а во обид за пропаганда, пратеник од ВЛЕН во објава самиот откри дека Владата го крши Законот, реагираат од опозициската ДУИ.

 

Оттаму велат дека во објавата на пратеникот, во обид да го прикаже двојазичното објавување на документите во „Службен весник“, јавно се потврди оти Законот не се спроведува од страна на институциите со кои тие раководат.

„Значи, пратеникот на Вреди, во обид да се пофали, всушност, промовира спроведување на Законот кој тие секојдневно го оспоруваат. Уште потешко, со самата споредба што ја направи со други институции, јавно призна дека многу институции не ја почитуваат законската обврска за употреба на албанскиот јазик. Во обид за пропаганда, пратеник на Вреди сам откри дека Владата го крши Законот за јазиците“велат од ДУИ.

Дополнително, велат оти проблемот не е во толкувањето на Законот, туку во неговото неспроведување и оти Владата и претседателката не можат да се кријат зад пропагандата на своите пратеници. Од ДУИ соопштија и оти кога целта е манипулација со јавноста, вистината сама излегува на површина.

„ВЛЕН денес го призна тоа што граѓаните секојдневно го гледаат, албанскиот јазик се оттурнува од институциите преку систематско неспроведување на законот. Бараме целосно и итно почитување на Законот за употреба на јазиците од секоја државна институција, без исклучок“,велат оттаму.

Back to top button
Close