Пратеникот Кастриот Реџепи најави прес конференција во 11.30

Пратеникот Кастриот Реџепи од Движењето Беса за денеска во 11.30 најави прес конференција на која ќе објасни каде е од четвртокот откако тој ден поради неговото непојавување во Собранието на клучната седница за гласање на недоверба на владата на Заев, пропадна обидот на опозицијата да формира ново парламентарно мнозинство.

Реџепи од четвртокот преку постови и видео се обрати во неколку наврати до јавноста откако неговите сопартијци како и партиите од новото парламентарно мнозинство во формирање, соопштија дека тој е можеби киднапиран, па случајот го пријавија во полиција.

Откако пропадна обидот за формирање на ново парламентарно мнозинство од опозициското јадро и соборувањето на владата на Зоран Заев, Движењето Беса го исклучи Реџепи од своите партиски редови.

 

Back to top button
Close