Пратеникот Рашиди поднесе оставка, ќе биде директор на МЕПСО

Директорското место во МЕПСО ѝ припадна на Алијанса за Албанците со договорот за влез на оваа партија во владејачката коалиција

Пратеникот Сурија Рашиди од Алијанса за Албанците поднесе оставка за што претседателот на Собранието, Талат Џафери, информираше на денешната пленарна седница.

Парламентот му ја констатираше оставка и сега на негово место треба да дојде следниот од листата кандидати за пратеници на АА на последните парламентарни избори. Нов пратеник треба да стане Ремзи Мехмеди од Кичево, за што се очекува Државната изборна комисија (ДИК) да испрати информација до Собранието.

Алијанса за Албанците е нов коалициски партнер во власта и како што претходно потврдија од партијата, Рашиди ќе биде нивен предлог за нов директор на МЕПСО

Back to top button
Close