Правда“ се правда за „Ванчо Михајлов“: Не сме надлежни за надзор врз здруженија

Министерството за правда денеска преку соопштие ги отфрли заклучоците на Комисијата за заштита и спречување на дискриминација дека Министерството извршило индиректна дискриминација поради пропуштање на извршување на своите законски надлежности, со коишто му овозможиле на здружението „Ванчо Михајлов“ да врши дејствија спротивни на Законот.

Од Министерството велат дека тие немаат никаква надлежност да вршат надзор на работата на здруженијата, туку согласно член 58 од Законот за здруженија и фондации ,Министерството за правда единствено е надлежно да врши надзор на законитоста на примената на одредбите од законот.

-Министерството за правда нема дадено согласност за употреба на името ,,Иван Михајлов”. Во однос на постапката за регистрација на здружението,,Иван Михајлов‘‘, до Министерството за правда на ден 27.02.2019 година доставено е барање за давање на согласност за регистрација во Централен регистар . Министерството за правда со допис од 05.03.2019 година достави одговор на барањето со кое се известува подносителот дека согласно член 9 став (1) од Законот за здруженија и фондации Министерството за правда издава одобрение за употреба на зборот ‘‘Македонија‘‘.

Со оглед на тоа дека во називот на здружението – Културен центар Иван Михајлов, кое било во постапка и регистрирање во Централниот регистар на Република Северна Македонија, содржано е името на историска личност, а земен e предвид фактот дека не постои регистар на историски личности или било кој друг документ со кој може да се утврди статусот на историската личност, Министерството за правда не издаде одобрение за употреба на името ,,Иван Михајлов‘‘ во името на здружението.Известувањето дека не може да се даде согласност, значи дека нема одобрение од страна на Министерството за правда, се правдаат од Министерството.

Back to top button
Close